Пукано на поранешниот јапонски премиер: Објавени снимки од нападот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе беше застрелан во грб денеска за време на предизборен митинг во западниот град Нара.

Loading...

Првата снимка од пукањето се појави на Твитер.

Во едната се гледа чад од цевката на оружјето со кое е пукано, додека неговите советници трчаат да му помогнат.

Беа објавени и фотографии направени веднаш по нападот, на кои се гледа како Абе лежи на земја во крвава кошула.

 

 

Агенцијата NHK објави дека Абе бил застрелан повеќе пати во грб со пумпарка, од далечина од само неколку метри.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Судири меѓу демонстрантите и полицијата во Тбилиси, најмалку десет лица уапсени

Откако бил погоден по втор пат, Абе паднал на земја, стегајќи ги градите. Очевидци тврдат дека обилно крварел.

Со хеликоптер бил пренесен во болница во свесна состојба, но срцето му откажало и моментално не дава знаци на живот, пишуваат Асахи Шинбун и NHK.

Поранешниот гувернер на Токио Јоичи Масузое објави дека Абе е во состојба на кардиопулмонален застој. Терминот се користи во Јапонија пред да биде официјално потврдена смртта на една личност, пишува Би-Би-Си.

Јапонската полиција соопшти дека е уапсен осомничениот Тецуја Јамагами, 41-годишен жител на Нара. По нападот не се обидел да побегне.

Абе одржа предизборен говор во Нара пред неделните избори за горниот дом на Јапонија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Првата дама на Бразил го пцуеше Илон Маск: „Не се плашам од тебе...“ (ВИДЕО)

Јапонскиот премиер Фумио Кишида ги откажа сите предизборни митинзи и итно се врати во седиштето на Либерално-демократската партија на Јапонија во Токио.

 

Loading...

 

Шинзо Абе е премиер со најдолг стаж во јапонската историја.

Тој беше премиер на Земјата на изгрејсонцето во два наврати – од 2006 до 2007 година и од 2012 до 2020 година, кога се повлече поради здравствени проблеми.

Абе е конзервативец и често го нарекуваат екстремно десно крило. Тој е член на националистичкото друштво Нипон Каиги и се залагаше за укинување на членот 9 од јапонскиот устав, кој ќе овозможи милитаризација и вооружување на земјата.

Економските политики што ги водеше се познати на Запад како „Абеномикс“ и вклучуваат фискални стимулации и структурни реформи кои ја задржаа Јапонија меѓу најразвиените економии во светот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хорор во Австрија: Мајка со нож го убила четиригодишниот син