Австралија започнува вакцинација со четврта доза

Сподели со своите пријатели

Австралиската влада објави дека следната недела ќе го прошири процесот на вакцинација со четврта доза од вакцината против Ковид-19, поради зголемувањето на бројот на пациенти во болниците заразени со новите подваријанти на вирусот омикрон, наречени БА.4. и БА.5.

Loading...

Експертите тврдат дека новите варијанти може да доведат до зголемен број хоспитализирања и смртни случаи, бидејќи тие се пренесуваат побрзо од другите варијанти на корона вирусот.

„Пандемијата не е завршена, влегуваме во третиот бран, кој врши огромен притисок врз нашиот здравствен и болнички систем“, рече министерот за здравство Марк Батлер.

Околу 4.000 пациенти се лекуваат од Ковид-19 во австралиските болници, што е најголем број од февруари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стармер се обидува да изгради „прагматични“ односи со Кина

Почнувајќи од понеделник, луѓето на возраст над 30 години ќе можат да ја примат четвртата доза од вакцината, рече Батлер.

Вакцинацијата досега беше ограничена на лица над 65 години или пациенти со сериозни болести.

Според официјалните податоци, 95 отсто од Австралијците постари од 16 години примиле две дози од вакцината, а повеќе од 70 отсто примиле трета доза.

Ковид-19 однесе нешто повеќе од 10.000 животи во Австралија, според Ројтерс.

Loading...