Жена во САД се убила себеси и децата по самоубиство на нејзиниот сопруг

Сподели со своите пријатели

Една жена од Минесота ги удавила своите три мали деца и себеси минатата недела, откако претходно истиот ден повикала полиција за да ја пријави смртта на нејзиниот сопруг, соопштија властите.

Loading...

Телата на трите деца и нивната мајка беа извлечени од езерото Ваднаис, а неколку дена подоцна шерифот на округот Ремзи го објави идентитетот на починатиот и причината за смртта.

Мајката Моли Ченг (23) ги удавила своите деца на три, четири и пет години, пренесува NBC news.

Таткото на децата Ји Ли (27) починал ден претходно откако се застрелал, заклучил патологот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД и Филипините потпишаа договор за споделување на доверливи воени информации и технологии

Шерифот продолжува да ги истражува околностите на трагичниот настан.

Пронајдени тела во езерото

Ченг пријавила дека нејзиниот сопруг се застрелал во петокот наутро, па полицијата дошла во семејниот дом во Мејплвуд.

Подоцна истиот ден, роднина повикал полиција и предупредил дека Ченг може да се убие себеси и нејзините деца.

После тоа, започната е национална потрага за пронаоѓање на мајката и децата, соопштија од кабинетот на шерифот.

Loading...

Полицајците го следеле нејзиниот мобилен телефон до паркот на езерото Ваднаис-Сукер, каде подоцна го пронашле возилото и неколку пара детски чевли.

Екипа за пребарување го прочешлала езерото и околината и од водата го извадила телото на 4-годишното момче. Замениците на шерифот се обиделе да го спасат животот на момчето, но не успеале.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Проруски сепаратистички регион: Демонстранти насилно го окупираа парламентот, најавија рушење на владата

Малку по полноќ телото на 5-годишното дете било извлечено. Во саботата околу 10 часот и 40 минути, телото на мајката било извлечено од езерото, а половина час подоцна во езерото било пронајдено тело на 3-годишно девојче.

Канцеларијата на шерифот соопшти дека ја истражува смртта на децата и мајката како тројно убиство-самоубиство, а полицијата на Мејплвуд ја истражува смртта на таткото на Ји Ли како самоубиство.