Ким Џонг Ун одржа семинар со една цел

Сподели со своите пријатели

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун одржа семинар со цел да се постигне посилно лидерство на владејачката Работничка партија во општеството, објавија државните медиуми.

Loading...

Конференцијата, прва од ваков вид, опфати „постигнување на организациска и идеолошка консолидација на партиските редови во сите погледи“ и зајакнување на лидерската улога на партијата, соопшти севернокорејската државна новинска агенција КЦНА.

Митингот се фокусираше на кадрите на одделот за Партиски животен водич (PLG), моќно внатрепартиско тело кое ја следи и контролира лојалноста на партиските функционери и членови низ целата земја.

 

 

Вообичаените PLG методи се редовни состаноци за „самокритика“, каде од поединците се бара да размислат за своите постапки и да се соочат со критики од другите членови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хорор во Австрија: Мајка со нож го убила четиригодишниот син

ПЛГ е исто така одговорен за пренесување инструкции од високи лидери и игра важна улога во изборот на кандидати кои учествуваат на изборите во Северна Кореја.

Loading...

 

 

Во забелешките на конференцијата, Ким го нарече одделот „крвни садови и нерви“ кои цврсто ги поврзуваат локалните партиски организации со централниот комитет и идеите и политиките на партијата, објави КЦНА.

Ким сè почесто одржува вакви состаноци со цел да ја зајакне контролата во земјата со која владее од 2011 година, а експертите тврдат дека сегашните мерки против пандемијата „Ковид 19“ дополнително ѝ помагаат на неговата авторитарна влада да воведе нови контроли на сите сфери на социјалната живот, пренесува Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Третина од парите за невработените во Германија одат за странци

Според британската агенција, Северна Кореја во моментов се бори со повеќе кризи, вклучително и првото признаено појавување на Ковид-19, економските последици од меѓународните санкции и временските непогоди, како што се високите температури и поплавите.