Стотици осуденици избегаа од затвор во близина на Абуџа, откако осомничените членови на Боко Харам извршија напад со експлозив врз затворот, пишува Гардијан.
Одговорноста за нападот ја презеде Исламска држава.
Ослободени се 600 од 994 затвореници, соопштија владини претставници.
Повеќе од 300 бегалци беа брзо заробени, но и понатаму се на слобода и по нив трагаат безбедносните сили, изјави нигерискиот министер за одбрана Башир Магаши.
Во нападот загина еден чувар, а тројца се повредени.
– Дојдоа во голем број, влегоа во затворот и ослободија дел од затворениците. Ние веруваме дека тие припаѓаат на одредена група, а најверојатно тие се Боко Харам бидејќи имаме значителен број [борци] на Боко Харам кои се во притвор и не можеме да лоцираме ниту еден од нив во моментов. Околу 64 од нив беа во затвор…сите избегаа. Ситуацијата е под контрола – додаде Магаши.
Очевидци кои живеат во близина на затворот велат дека нападот траел повеќе од еден час.
Одговорноста за нападот ја презеде Исламската држава, соопштено е на каналот Телеграм на агенцијата Амак, пренесува Ројтерс.