Германскиот Бундестаг го поддржа воведувањето на евро во Хрватска

Сподели со своите пријатели

Германскиот Бундестаг го поддржа воведувањето на еврото во Хрватска, јавува во четвртокот германската агенција dpa.

Loading...

Хрватска ги исполни сите неопходни критериуми за прифаќање на заедничката европска валута, се согласија во средата вечерта германските претставници.

Интересот на Германија е за „понатамошен развој и комплетирање на економската и монетарната унија“, се согласија тие.

Единствените кои се спротивставија беа претставници на екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (AfD).

Претставникот на АфД Норберт Клајнвахтер ја нарече Хрватска „нова Грција“.

На летниот самит на 24 јуни, лидерите на земјите-членки на ЕУ ја поддржаа препораката за влез на Хрватска во еврозоната, што е претпоследниот чекор во процесот на одлучување.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Морничаво! Маж го заѕидал телото на својата сопруга во станот

Последниот чекор ќе биде усвојување на три законски предлози за пристапување на Хрватска, што ќе се случи на состанокот на Советот за економија и финансии на 12 јули, а од 1 јануари 2023 година еврото ќе биде официјална хрватска валута.

Ова е прво проширување на еврозоната од 2015 година, кога се приклучи Литванија.

Loading...