Во Јапонија од денеска строги казни за навреда преку интернет

Сподели со своите пријатели

Навреда на луѓе на интернет во Јапонија може да се казни со затворска казна од една и пол година и други тешки казни, одлучија јапонските власти.

Loading...

Примената на построги казни е значајна, бидејќи „покажува дека законските регулативи го третираат сајбер – малтретирањето како кривично дело со кое треба сериозно да се постапува и делува како пречка за такви дејствија“, рече јапонскиот министер за правда Јошихиса Фурукава на прес-конференција, пренесува Kyodo.

Фурукава нагласи дека одлуката за казнување не може да се смета за „неоправдано ограничување на слободата на изразување“.

Максималната казна за онлајн навреди во Јапонија сега е 2.200 долари, а најсериозните облици на сајбер малтретирање се казнуваат со година и пол затвор.

Застареноста во врска со навредите исто така ќе биде продолжена од една на три години, наведува јапонската агенција.