Според податоците на непрофитната група Gun Violence Archive, насилствата предизвикани од истрели за време на празничниот викенд на 4 јули во речиси сите држави на Соединетите Американски Држави доведоа до најмалку 220 смртни случаи и околу 570 ранети, известуваат американски медиуми.
Податоците, кои вклучуваат информации за жртви и повредени, се поврзани со инциденти со огнено оружје, објави CBS News.
Од минатиот петок до понеделник се забележани повеќе од 500 престрелки.
Стотици масовни престрелки
Според податоците на Gun Violence, имало 315 масовни престрелки во САД од почетокот на годината, а околу 22.500 луѓе биле убиени поради употреба на огнено оружје.
Оваа година има зголемување на смртните случаи околу Денот на независноста на САД, а насилството не е невообичаено, додаде Си-Би-Ес.
Во истиот празничен период во 2021 година, загинаа повеќе од 180 луѓе, а 516 беа ранети.