Растот на цените втурна уште 71 милион луѓе во екстремно сиромаштво

Сподели со своите пријатели

Поради големиот пораст на цените на храната и енергијата во светот од март, за само три месеци, 71 милион луѓе од најсиромашните земји паднале во екстремна сиромаштија, се вели во извештајот на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) објавен во четвртокот.

Loading...

Овој забрзан пад во сиромаштија е „многу побрз од шокот предизвикан од пандемијата Ковид 19“, се вели во соопштението за печатот на УНДП, во кое вината за ненадејниот пораст на цените делумно се препишува на војната во Украина, што Русија го негира.

Според програмата на УНДП, „директниот трансфер на пари до домаќинствата е поправеден и попрофитабилен од општите субвенции за енергија“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Третина од парите за невработените во Германија одат за странци

Во исто време, УНДП смета дека на засегнатите земји ќе им биде потребна мултилатерална поддршка за да „се врзат крај со крај“.

„Додека каматните стапки се зголемуваат, како одговор на скокот на инфлацијата, постои опасност од создавање нова сиромаштија предизвикана од рецесија што би ја влошила кризата уште повеќе, забрзувајќи ја и продлабочувајќи ја сиромаштијата во светот“, предупредува УНДП во извештајот.

Анализата на 159 земји во развој покажа дека овогодинешното зголемување на цените веќе погоди силно во делови од субсахарска Африка, на Балканот, Азија и други делови од светот, рече директорот на УНДП, Ахим Штајнер.

Меѓу земјите со најдраматични последици од поскапувањата се Ерменија, Узбекистан, Буркина Фасо, Гана, Кенија, Руанда, Судан, Хаити, Пакистан, Шри Ланка, Етиопија, Мали, Нигерија, Сиера Леоне, Танзанија и Јемен.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Проруски сепаратистички регион: Демонстранти насилно го окупираа парламентот, најавија рушење на владата

„Невиден скок на цените значи дека за многу луѓе во светот, храната што би можеле да си ја дозволат повеќе не е достапна“, рече директорот на УНДП, Ахим Штајнер во соопштението за печатот.

Loading...

Поради ова зголемување на трошоците за живот, многу луѓе паднаа во сиромаштија, „со опасност од страшен глад“, а паралелно со тоа, „од ден на ден се зголемува заканата од зголемени социјални немири“, тврди тој.