Одлучни да го избркаат Џонсон од Даунинг стрит

Сподели со своите пријатели

Британскиот премиер Борис Џонсон вчера категорично ги отфрли повиците од колегите од кабинетот да поднесе оставка, велејќи им дека се соочуваат со избор помеѓу лето фокусирано на економски раст или лето во кое доминираат хаотични избори на ново раководство – проследено со огромен притисок пред парламентарните избори.

Loading...

Откако Би-Би-Си синоќа објави дека група министри ќе му кажат на Џонсон да поднесе оставка, а со тоа што бројот на оставки во владата се искачи на над 30, некои ја доведуваат во прашање мудроста на одлуката на Џонсон да се обиде да ја истера бурата, прашувајќи се дали остана некој кој би ги пополнил испразнетите позиции во кабинетот.

И покрај тоа што беше речиси смртно ранет, Џонсон рече дека во 2019 година добил мандат да продолжи со својата работа.

„Нема да ја напуштам мојата функција и искрено последното нешто што и треба на оваа земја се нови избори“, рече тој пред собраниската комисија.

Одговорот бил брутален, според Ројтерс.

За време на собраниската расправа, дел од пратениците на Конзервативната партија се воздржуваа од смеење, додека други се потсмеваа на премиерот.

После тоа, тој се најде на мета на таканаречениот комитет за врски, каде истакнати политичари го критикуваа за неговото однесување во минатото и за скандалите што одбележаа голем дел од неговиот мандат.

Некој вид олеснување за Џонсон беше одлуката на Комитетот 1922, која ги поставува правилата за гласање доверба на владата.

Loading...

Одборот одлучи дека нема да има гласање за недоверба на Џонсон барем до крајот на следната недела.

Владиниот портпарол вчера најави дека Џонсон е убеден дека овојпат ќе добие доверба, но медиумите објавија дека рекол дека доколку му се изгласа недоверба ќе поднесе оставка.

Кога пристигна во парламентот, Џонсон одговори „не, не, не“ на прашањето дали ќе поднесе оставка.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шри Ланка доби нова влада

Тој пред собраниската комисија рече дека ќе продолжи да ја спроведува својата програма со која победи на изборите во 2019 година, саркастично коментирајќи дека има „голема недела“.

„Искрено, работата на премиерот во тешки околности кога ви беше даден колосален мандат е да продолжите“, рече Џонсон во парламентот. „И тоа е она што ќе го направам“.

За време на собраниската расправа, дел од пратениците на Конзервативната партија се воздржуваа од смеење, додека други се потсмеваа на премиерот.

Појавувајќи се пред партиските пратенички групи и во парламентот, на Џонсон му беше јасно ставено до знаење колку се лути во Конзервативната партија.

Конзервативните пратеници упорно го прашуваа дали ќе ја направи вистинската работа, додека министрите во парламентот едвај ја задржаа смеата кога беше исмејуван од лидерот на опозициската Лабуристичка партија.

Loading...

Таквата атмосфера само нагласи колку работите се сменија од убедливата победа на Џонсон во 2019 година до сегашниот момент кога е очигледно дека голем број конзервативци, вклучително и министри, сакаат што поскоро да се оградат од премиерот.

Од задниот дел на парламентот, поранешниот секретар за здравство Саџид Џавид ги детализираше скандалите, грешките и гафовите што го одбележаа досегашниот мандат на Џонсон.

„Во еден момент моравме да заклучиме дека е доволно. Мислам дека тој момент дојде“, рече Џавид во парламентот додека Џонсон го слушаше без да прави никакви гестови.

Во следните настапи пред претседателот на комисијата, Џонсон одговараше на прашања за неговото однесување и ставови за етичките стандарди во политиката.

Во еден момент го прашале дали страда од губење на меморијата кога не можел да одговори на прашање, алудирајќи на неговото оправдување за промовирање на лице обвинето за сексуално недолично однесување.

„Ми изгледа дека ќе мораме да го натераме да излезе од Даунинг стрит додека вреска“, изјави еден пратеник од конзервативците за Ројтерс кој сакаше да остане анонимен.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стармер се обидува да изгради „прагматични“ односи со Кина

„Меѓутоа, ако бидеме принудени, ќе го направиме тоа“, рекол тој.

Џонсон, поранешен новинар и градоначалник на Лондон, кој стана заштитно лице на излегувањето на Велика Британија од Европската унија, имаше агресивен и често хаотичен пристап кон управувањето со земјата по неговата убедлива победа во 2019 година.

Loading...

Неговиот мандат беше нарушен со скандали во последниве месеци, при што беше казнет поради кршење на законите за време на пандемијата „Ковид-19“ и негативен извештај за однесувањето на службениците во неговата резиденција на Даунинг Стрит.

Мандатот беше обележан и со драстични политички пресврти, застапување за пратеник кој ги прекрши правилата за лобирање и критики дека не направил доволно за да ја спречи инфлацијата, додека многу Британци се борат со зголемувањето на цените на горивата и храната.

Во последниот скандал, Џонсон мораше да се извини за назначувањето пратеник на функција која вклучува грижа за благосостојбата и дисциплината во партијата, дури и откако бил информиран дека имало жалби за сексуално вознемирување за тој политичар.

Во Даунинг стрит неколку пати ја менуваа приказната за тоа колку премиерот знаел за однесувањето на тој политичар, а на крајот портпаролот рекол дека Џонсон знаел, но заборавил.

После тоа, Риши Сунак поднесе оставка од функцијата министер за финансии – а Џавид поднесе оставка од функцијата министер за здравство.

Неколку заменици министри кои исто така поднесоа оставка ја наведоа неспособноста на Џонсон да ја каже вистината и недостатокот на скрупули.

Loading...

Истражувањето на YouGov покажа дека 69 отсто од Британците сметаат дека Џонсон треба да поднесе оставка.

Пред еден месец тој го преживеа гласањето за доверба на конзервативните пратеници.

Според сегашните партиски правила, тој не може да се соочи со уште еден ваков предизвик во следната година, но дел од пратениците се обидуваат да го сменат деловникот. Доколку Џонсон си замине, процесот на негова замена може да потрае неколку месеци.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хорор во Австрија: Мајка со нож го убила четиригодишниот син

„Бидејќи премиерот постојано ја избегнува темата, тој секогаш се обидува да ги обвинува другите луѓе за грешките, тогаш нема друг избор освен да преземе одговорност и да поднесе оставка“, изјави за Ројтерс Гари Самбрук, член на конзервативната партија.

Украинците се надеваат дека Џонсон ќе остане на власт

Додека се чини дека мнозинството во Британија сака Борис Џонсон да поднесе оставка, Украинците се надеваат дека тој ќе остане на власт.

Loading...

Во Киев, Џонсон е насликан во графити, додека крем торта со сладолед на врвот што наликува на неговата коса го носи неговото име, како и неколку улици во Украина.

„Срамота е затоа што ни треба секаква можна поддршка за Украина“, изјави 22-годишната актерка Катерина Чикина за Ројтерс.

„Ни требаат сите влијателни политичари во странство. Не сакаме да го изгубиме затоа што навистина ни помага. Тој е премногу сладок“.

Уметничката Тетјана Кропјива (24) вчера го наслика ликот на Џонсон на буре кое служи како маса во градината на еден бар во Киев.

„Како сликар, можам да кажам дека има специфични црти на лицето. Интересно е да го сликам“, изјави таа за Ројтерс.

Loading...

Во Музејот на историјата во Киев, два портрета на Џонсон во прозорецот служат за привлекување посетители, рече Микола Петриченко.

„Тоа е еден вид маркетиншки потег бидејќи Борис Џонсон е исклучително популарен меѓу Украинците… случајните минувачи, кога ќе го видат неговиот портрет на прозорецот, го препознаваат и влегуваат внатре и прашуваат за изложбата.

Дмитро Усиков (27) вели дека Џонсон ќе пие бесплатни пијалоци во неговото кафуле, дури и ако биде отстранет од власт.

„За него е бесплатно… затоа што тој навистина ѝ помогна на нашата земја, а тој сè уште ни помага.