Жена избодена до смрт на фестивал во Шведска

Сподели со своите пријатели

Една жена е избодена до смрт на шведскиот остров Готланд на годишен политички фестивал пред општите избори за нешто повеќе од два месеци, соопшти денеска полицијата.

Loading...

Во соопштението се наведува дека мажот осомничен дека го извршил убиството е приведен, но без дополнителни детали, пренесува Ројтерс.

Политички фестивал на островот Готланд привлекува илјадници луѓе кои доаѓаат да слушнат како зборуваат политичарите и се дружат.

Во моментот на инцидентот на состанокот имало многу луѓе. Мотивот за убиството допрва ќе се утврдува.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шри Ланка доби нова влада