Уште две жртви од глечерската лавина на италијанските Алпи

Сподели со своите пријатели

Италијанските спасувачки тимови денеска пронајдоа уште две жртви на Алпите, па се стравува дека бројот на загинати во уривањето на глечерот достигна 12, а како причина се наведува порастот на температурата.

Loading...

Досега е потврдено дека загинале најмалку девет лица во лавина во неделата на Мармолада, која е на надморска височина од околу 3.300 метри, највисокиот врв на Доломитите, синџир во источните италијански Алпи што се протега преку регионите Тренто и Венето, пренесува Ројтерс.

Маурицио Фугати, претседателот на регионот Тренто, рече дека потрагата со помош на дронови ќе продолжи, бидејќи уште три лица (сите Италијанци) се водат како исчезнати.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Три европски земји им делат брошури на граѓаните во случај на војна и неочекувани кризи

Се наведува дека е ангажиран и полициски тим специјализиран за ДНК анализа за да помогне во процесот на идентификација.

Ројтерс истакнува дека голем дел од Италија е во раниот летен топлотен бран, а научниците велат дека климатските промени ги прават претходно стабилните глечери понепредвидливи.