Лавров пристигна во Индонезија на состанок со Г20

Сподели со своите пријатели

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска пристигна во Индонезија, каде ќе присуствува на состанокот на министрите за надворешни работи на Г20.

Loading...

Самитот се одржува на Бали утре и петок.

Лавров планира серија средби со колегите од Г20 на маргините на самитот, пренесе ТАС С.

Претходно, портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, рече дека учесниците ќе разговараат за итни прашања како што се зајакнување на мултилатерализмот во екот на „полицентричен светски поредок“, како и зајакнување на безбедноста на храната и енергијата.

– Посебно внимание ќе биде насочено кон враќање на економскиот развој, отстранување на последиците од пандемијата на корона вирусот – рече Захарова.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Третина од парите за невработените во Германија одат за странци