Ако страдате од дијабетес тип 2, јадете ги овие намирници почесто!

Сподели со своите пријатели

Диетата е еден од најважните чекори за тоа како да се намали ризикот од оваа болест.

Loading...

Сите лекари се согласуваат за една работа, добар избор на храна е најдобрата превенција и најдобриот лек против повеќето болести. Дури и истражувањата покажаа дека следната храна позитивно влијае на секој што страда од дијабетес, но исто така е и одлична превенција против оваа болест:

 

 

Боровинки

Редовната конзумација на боровинки, но и други бобинки ја намалува чувствителноста на инсулин. Исто така, утврдено е дека ова овошје има антиинфламаторно дејство и содржи фитохемикалии кои можат да го намалат ризикот од кардиоваскуларни заболувања.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дали стресот е виновник за вишокот килограми? (ВИДЕО)

Портокали и мандарини

Истражувањата покажуваат дека конзумирањето портокали или мандарини има позитивно, долгорочно влијание врз нивото на шеќер во крвта, како и на холестеролот. Се наведува дека конзумирањето на цело овошје, а не сок, е поврзано со помал ризик од развој на дијабетес тип 2.

 

Loading...

 

Темно чоколадо

Некои истражувања покажаа дека мала количина на високо-квалитетно, темно чоколадо што се консумира дневно, го намалува нивото на инсулин и крвниот притисок.

Маслиново масло

Маслиновото масло е поврзано не само со намален ризик од дијабетес, туку исто така и некои истражувања покажуваат дека може да го подобри и складирањето на глукозата во клетките благодарение на неговите антиинфламаторни ефекти.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мед – природен лек и пријател на вашето тело (ВИДЕО)

 

 

Пробиотици

Со текот на годините се спроведени неколку студии испитувајќи ги ефектите на пробиотиците. Првичните резултати од сите студии покажуваат дека конзумирањето храна богата со пробиотички бактерии, како што е јогуртот, значително го подобрува нивото на гликоза кога се консумира редовно и повеќе од осум недели.

Loading...

Цимет

Овој зачин го намалува нивото на гликоза во крвта, нивото на триглицерид и лошиот холестерол, а истовремено ја подобрува и чувствителноста на инсулин.