Димитровска: ЛДП цврство застанува зад вас, но прекумерна сила не е потребна (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Теодора Димитровска од Либерално-демократската партија денеска упати апел до граѓаните кои учествуваат на протестите пред Собранието да се воздржат од насилство.

Loading...

Како што вели Димитровска, протестот е уставно загарантирано право, но апелира граѓаните да не користат сила или предмети што можат да повредат други луѓе.

– Секако ваше право е да протестирате и ЛДП цврство застанува зад вас, но прекумерна сила не е потребна. Исто така до оние службеници кои се наоѓаат на терен овие неколку дена, а кои што се од Министерството за внатрешни работи, ве замолуваме вашите работни обврски да ги вршите во рамки и согласност со законите. Прекумерна сила во овие моменти не е потребна, рече Димитровска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Формирана е 54та Општинска организација на Движење ЗНАМ во Теарце

ЛДП, вели таа, секогаш застанува зад интересот на граѓаните и во наредниот период такви ќе бидат и одлуките што ќе бидат донесени.

 

https://youtu.be/zygkQ54khyo