Унгарија: Нема да испраќаме оружје во Украина

Сподели со своите пријатели

Унгарскиот шеф на дипломатијата Петер Сијарто во интервју за Си-Ен-Ен ја бранеше одлуката на владата на Виктор Орбан да продолжи да купува руски енергетски производи, но не и да испраќа оружје во Украина, кое на земјата и е потребно да се одбрани од руската инвазија.

Loading...

Унгарскиот министер за надворешни работи рече дека обидот да се заменат руските енергетски извори со други „би вклучува префрлање на трошоците за војната на унгарскиот народ“.

„За нас главната цел е да не се мешаме во оваа војна“

Што се однесува до одлуката на унгарската влада да не и помогне на Украина со испраќање оружје, Сијарто рече дека Унгарија „не сака да ризикува руски напад врз 150.000 Унгарци кои живеат на западот на Украина“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бајден ги повика Г20 да го поддржат Киев и да го „притиснат“ Хамас

„За нас главна цел е да не се мешаме во оваа војна на кој било начин“, изјави шефот на унгарската дипломатија за Си-Ен-Ен.