Четири главни причини зошто капините се добри за здравјето

Сподели со своите пријатели

Магнезиумот и калциумот кои се наоѓаат во капините се многу важни за одржување на здравјето на коските.

Loading...

Капините се богати со моќни антиоксиданси, особено со елагитанин, кој го нема во речиси ниту една друга храна.

Капините се сметаат за суперхрана, пред се поради лековитите антиоксиданси, како што се антоцијаните, витаминот Ц, витаминот Е, елагичната киселина и слично.

Капините имаат бројни здравствени придобивки, а Healthline истакнува четири.

 

 

За посилен имунитет

Поради сите состојки кои ги содржи, капините се идеални за подобра работа, односно за зајакнување на имунолошкиот систем.

Loading...

Со редовно консумирање капини придонесувате за заштита на организмот од разни инфекции и други болести.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дали стресот е виновник за вишокот килограми? (ВИДЕО)

Богати се со витамин Ц

Витаминот Ц помага во производството на колаген, кој ја одржува вашата кожа, крвните садови, ‘рскавицата, тетивите и лигаментите здрави.

Витаминот Ц е исто така антиоксиданс кој може да блокира дел од штетите предизвикани од слободните радикали, кои се произведуваат додека телото ја разградува храната.

 

 

За подобро варење

Ако сакате да имате добро варење, јадете капини, бидејќи тие се добар извор на влакна. Влакната од капините се многу важни за нормално функционирање на дигестивниот систем, бидејќи го регулираат запекот и го одржуваат дигестивниот систем во идеална состојба.

За здрави коски

Магнезиумот и калциумот кои се наоѓаат во капините се многу важни за одржување на здравјето на коските. Магнезиумот ја олеснува апсорпцијата на калциумот во телото, додека калциумот е важен за зајакнување на коските.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мед – природен лек и пријател на вашето тело (ВИДЕО)