Штрајкот на железничарите, кои бараат повисоки плати поради зголемувањето на трошоците за живот, денеска го запре железничкиот сообраќај во Франција, пренесува АП.
Француската железничка компанија SNCF соопшти дека секој четврти брз воз е откажан, додека локалните услуги, како што се приградските возови во парискиот регион, се во прекин.
Меѓународните услуги, вклучително и оние за Лондон и Брисел, се очекува да работат нормално денеска, соопшти SNCF.
Француските синдикати Sud Reil, CGT и CFDT претходно објавија заеднички повик за генерален штрајк на железничарите на 6 јули за да се борат за повисоки плати поради зголемената инфлација, а за денеска е закажан состанок на претставниците на синдикатот и раководството на SNCF.
Водечкиот синдикат во компанијата, CGT, во соопштението рече дека сака „општо зголемување на платите барем во согласност со растечката инфлација“, по 10 години замрзнување на платите.
SNCF ги советува корисниците да ги откажат или одложат своите патувања денес и да работат од дома ако е можно, според АП.