Почина шефот на ОПЕК

Сподели со своите пријатели

Генералниот секретар на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК), Нигериецот Мохамед Баркиндо, неочекувано почина на 63-годишна возраст, објави на 6 јули Нигериската национална нафтена корпорација (NNPC).

Loading...

Баркиндо требаше да се повлече на крајот на овој месец, по шест години на чело на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК).

„Го загубивме нашиот ценет д-р Мухамед Сануси Баркинда“, напиша извршниот директор на NNPC Меле Кјари на Твитер, додавајќи дека Баркинда починал доцна на 5 јули.

Смртта е „голема загуба за неговото потесно семејство, NNPC, нашата земја Нигерија, ОПЕК и глобалната енергетска заедница“, додаде Киари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Проруски сепаратистички регион: Демонстранти насилно го окупираа парламентот, најавија рушење на владата

Кјари рече дека Баркиндо починал неколку часа откако се сретнал со нигерискиот претседател Мухамаду Бухари и одржал главен говор на енергетскиот самит во Абуџа, главниот град на Нигерија.