Италијанците стравуваат дека ќе има ограничувања за водата за пиење

Сподели со своите пријатели

Екстремно висока топлина со недостиг на врнежи ја зафати Италија, не само во последните денови туку и во последните месеци.

Loading...

Затоа во таа земја е прогласена вонредна состојба која носи низа одредби поврзани со користењето на водата.

Италија со месеци е зафатена од екстремни горештини и суша и ова веќе не се изолирани случаи.

Африканскиот антициклон, кој претходно остана во пустината Сахара, се сели во европските региони и со себе носи суша бидејќи создава услови кои доведуваат до недостаток на врнежи, сметаат експертите во оваа земја.

„Штом најдам зеленило се кријам под сенка затоа што инаку не би издржал, навистина ни е тешко на нас постарите на оваа жештина“, вели Италијанец.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шри Ланка доби нова влада

Некои со нетрпение очекуваат да одат на работа поради климата, додека други одат во продавници да се разладат.

Кабинетот на министри на Италија на состанокот кој траеше само неколку минути, одобри прогласување вонредна состојба во врска со дефицитот на вода во пет региони на северот на Италија.

Според последните информации, Владата доделила економска помош за регионите кои се движат од 10,9 милиони за регионот Емилија Ромања до 4,2 милиони за регионот Фриули Венеција Џулија.

Loading...

На регионот Ломбардија му беа доделени 9 милиони евра помош.

Овде во Милано веќе блокираа многу работи поради сушата во исчекување, се надеваме на дожд“, вели жителот на Милано.

Реката По го достигна најниското ниво во последните седум децении

Покрај северот на земјата, кој е најзагрозен, катастрофата ја преживува и регионот на Тоскана, поточно 90 отсто од територијата е во состојба на екстремна суша, како и регионот на Лацио, поточно во Рим, од почетокот на годината наврна 63 отсто помалку од просечниот, а езерата се пониски и за метар.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Третина од парите за невработените во Германија одат за странци

Според најновите истражувања, температурата на Медитеранот во мај била четири степени повисока од просечната за периодот меѓу 1985 и 2005 година, а најголемата италијанска река По речиси целосно пресушила, т.е. го достигна најниското ниво во последните 70 години.

„Никогаш не сум видел Пo да изгледа вака, а доаѓам овде секој ден“, велат Италијанците кои стравуваат дека ќе се воведат ограничувања за водата за пиење.

Во многу региони, донесени се регулативи за намалување на потрошувачката на вода за пиење или за услуги кои навистина не се неопходни, како што се миење автомобили, наводнување градини, полнење на приватни базени, миење коса во фризер и климатизација.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Проруски сепаратистички регион: Демонстранти насилно го окупираа парламентот, најавија рушење на владата

Во Ломбардија досегашните штети изнесуваат две милијарди евра, снегот на планините и глечерите се стопи, а климатските промени доведоа и до голема трагедија на глечерот Мармолада.

Имено, температурата во моментот на несреќата била 10 степени на повеќе од 3.000 метри.

Loading...

Временските непогоди, кои се зголемуваат на број, не го надоместуваат недостатокот на вода во ниту еден регион на Италија, а се зголемува и ризикот од пожар и недостиг од вода за пиење.