Британските министри за финансии и за здравство поднесоа оставки, Џонсон назначи нови

Сподели со своите пријатели

Министрите за финансии и здравство на Велика Британија, Риши Сунак и Саџид Џавид, во вторникот поднесоа оставки, заедно со уште неколкумина на пониски позиции, велејќи дека повеќе не можат да останат во владата по последниот во серијата скандали кои ја втурнаа владата во криза.

Loading...

Британскиот премиер Борис Џонсон се најде во нов проблем со оставката на министрите кои рекоа дека не е способен да владее, а сè поголем број претставници го повикаа да поднесе оставка, пишува Ројтерс.

И покрај зголемените повици Џонсон да поднесе оставка, тој ја покажа својата решеност да остане на функцијата со назначувањето на бизнисменот и министер за образование Надим Захави за нов министер за финансии и Стив Баркли за министер за здравство, пополнувајќи некои други испразнети места.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шри Ланка доби нова влада

Нивото на непријателство со кое Џонсон се соочува во неговата партија ќе биде прикажано денес кога ќе се појави во парламентот на неделна седница и пред избраните претседатели на комисиите за планираното двочасовно испрашување.