Кина: Ја зајакнуваме стратешката соработка со Русија

Сподели со своите пријатели

КИНА е подготвена да ја зајакне соработката со Русија во мултилатералната рамка, вклучително и Г20, му рече кинескиот заменик министер за надворешни работи Ма Жаосу на рускиот амбасадор во Кина Андреј Денисов.

Loading...

На состанокот одржан вчера, Ма му рекол и на Денисов дека Кина е „подготвена да ја зајакне стратешката координација со Русија и да ја прошири практичната соработка на различни полиња“, соопшти денеска кинеското Министерство за надворешни работи, а пренесува Ројтерс.

Кинеските и руските претставници се сретнаа на Светскиот форум за мир што се одржа во Пекинг.

На тој форум, американскиот амбасадор во Кина тврдеше дека „руската војна во Украина е најголемата закана за светскиот поредок“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД и Филипините потпишаа договор за споделување на доверливи воени информации и технологии