Кличко: Чувствувам предавството на западните сојузници

Сподели со своите пријатели

Во кус разговор за Скај њуз, Кличко рече дека Русија нема да се задоволи со Донбас во замена за мир бидејќи „Путин ја сака цела Украина“.

Loading...

Минатиот викенд руските сили го зазедоа Луганск, еден од двата региони на Донбас во источна Украина, кој стана сцена на најжестоките борби во земјата.

На новинарско прашање дали има притисок од меѓународните партнери да се постигне договор со Русија, односно да и се предаде Донбас на Москва во замена за мир во Украина, Кличко одговори:

– Понекогаш се нервирам додека ги слушам пораките на нашите партнери. Тоа е истата порака што ѝ дава до знаење на Руската Федерација „добро, подготвени сме да најдеме компромис, ајде да одиме да најдеме решение“. Па, каков компромис? Откажувањето на дел од нашата територија е компромис? Тоа не е за нас Украинците, рече тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Жестоки ракетни напади на Одеса и Суми

На прашањето дали тоа би претставувало предавство, неговиот одговор беше јасен.

– Се чувствуваме изневерени.

Кличко истакна дека предавањето на територијата не е опција бидејќи Москва нема да застане тука.

„Тие ја сакаат цела Украина“, рече тој.

Loading...

Градоначалникот на Киев оцени и дека предноста на украинските сили во однос на руските сили е мотивацијата.

„Тие се борат за пари, а ние се бориме за нашите деца“, изјави тој за Sky News.

– Некои правила важат во спортот, па дури и во војна, но Русија не игра според правилата, изјави поранешниот боксер, светски шампион во тешка категорија.

Како и другите украински функционери, Кличко исто така го повика Западот да и достави на Украина повеќе оружје и муниција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Три европски земји им делат брошури на граѓаните во случај на војна и неочекувани кризи