Канада ги ратификуваше пристапните протоколи за Финска и Шведска

Сподели со своите пријатели

Во вторникот, Канада стана првата која формално ги ратификуваше протоколите за пристапување на Финска и Шведска во НАТО.

Loading...

Членовите на канадскиот парламент во јуни гласаа едногласно за поддршка на членството на Финска и Шведска.

Пред да го заврши административниот процес за ратификација на протоколот, канадската министерка за надворешни работи Мелани Џоли разговарала со пратениците од опозицијата за да се увери дека се согласуваат, изјави нејзиниот портпарол, пренесува Гласот на Америка.

„Сакавме да бидеме првата земја што ќе го ратификува (протоколот)“, рече портпаролот на Џоли.

Земјите-членки на НАТО во вторникот потпишаа протоколи за пристапување на Финска и Шведска во тој воен сојуз.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Третина од парите за невработените во Германија одат за странци

Двете земји ги поднесоа своите апликации во мај, ставајќи крај на нивниот долгогодишен неутрален статус, како одговор на руската инвазија на Украина.

„Ова е добар ден за Финска и Шведска и добар ден за НАТО. Со 32 земји на маса, ќе бидеме уште посилни, а нашите граѓани ќе бидат уште побезбедни бидејќи се соочуваме со најголемата безбедносна криза во последните неколку децении. изјави генералниот секретар на НАТО и Јенс Столтенберг.