Ердоган: Ќе ги интензивирам преговорите за извоз на украинско жито

Сподели со своите пријатели

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека има намера да ги интензивира преговорите со Русија и Украина со надеж дека ќе се постигне договор за планот на ОН за извоз на украинско жито на светските пазари.

Loading...

Ердоган ова го изјави на заедничката прес-конференција со италијанскиот премиер Марио Драги.

Турција соработува со Обединетите нации, Украина и Русија за да дозволи милиони тони украинско жито да се транспортираат низ безбедни коридори во Црното Море, пренесува АП.

„Ќе ги интензивираме нашите разговори во рок од една недела или 10 дена и ќе се обидеме да постигнеме резултат“, изјави турскиот претседател за новинарите, јави Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Италија и Германија одбиваат Украина да користи оружје надвор од сопствената територија

Украина е еден од најголемите светски извозници на пченица, пченка и сончоглед, но руската инвазија запре голем дел од тие извози, загрозувајќи ги резервите на храна во многу земји во развој, особено во Африка.

Украинската влада ја обвини Русија за поморска блокада на украинските пристаништа, додека Русија тврди дека украинските мини го спречуваат безбедното движење на бродовите со жито низ Црното Море.

Италијанскиот премиер Драги ја поздрави можноста за договор како значаен чекор напред не само за извозот на жито и вештачки ѓубрива во сиромашните земји, туку и затоа што тоа би можело да биде првиот договор што Украина и Русија го постигнале за што било за време на речиси петмесечната војна.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русите зазедоа уште едно село во Украина

„Овој договор е многу важен во секој поглед, особено во рамките на напорите за постигнување мир“, рече Драги.

Loading...