Среде ноќ некој ѝ заѕвонил на врата: Кога ја проверила камерата била шокирана (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Мајката на девојче од САД, Мекензи Стурдивант, се пожалила дека мистериозен, непоканет гостин ѝ ѕвонел на врата секое утро во 03:00 часот.

Loading...

Меѓутоа, кога ја прегледала снимката од безбедносната камера во шпионката на нејзиниот праг, немало никој.

Мекензи решила да се справи со мистеријата и на нејзино чудење открила дека ноќниот посетител всушност бил бубашваба.

– Бев кај мама, а таа постојано ни кажуваше дека некој и заѕвонил на врата околу 3 часот по полноќ. Ѝ кажав дека е чудно – рече Стурдивант, во вирален клип на ТикТок, кој собра повеќе од 1,8 милиони прегледи.

Откако дознала за вознемирувачките посети, Мекензи решила да преноќи во куќата на нејзината мајка. За време на престојот била изненадена и од ѕвоното на вратата што ѕвони во раните утрински часови.

– Веројатно беше околу 4 часот наутро, а некој заѕвони на вратата. Така, бев како: „Конечно, ги имам“, се сеќава Мекензи.

Но, кога ги проверила снимките од камерата на нејзиниот телефон, девојката била шокирана кога нашла штетник со шест нозе како лази на копчето.

– Тоа е проклета бубашваба. Морав да одам да и покажам на мајка ми за да се уверам дека сите го гледаме истото. Го гледавме, а таа нѐ погледна како да сака да каже „Кучко, отвори ја вратата“ – сликовито објасни Мекензи.

Loading...

 

@morbuckzz♬ original sound – kenzieee