Осомничениот за нападот во Чикаго обвинет за убиство од прв степен

Сподели со своите пријатели

Американецот Роберт Е. Кримо (21) уапсен е под сомнение дека од кровот пукал во граѓани собрани поради одбележување на Денот на независноста во САД во чикошко преградите.

Loading...

Тој е обвинет по седум точки за убиство од прв стенен.

Државниот правобранител на Илиноис, Ерик Рајнхарт, изјави дека доколку биде прогласен за виновен, осомничениот Кримо (21) ќе се соочи со максимална казна доживотен затвор, без можност за условно ослободување, пренесува Танјуг, повикувајќи се на Гласот на Америка (ВоА).

Обвинителот рече дека ќе побара Кримо, кој беше уапсен во понеделникот, откако и се предаде на полицијата, да остане во притвор без можност да плати кауција.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Три европски земји им делат брошури на граѓаните во случај на војна и неочекувани кризи

Се облекол во женска облека

Кримо, обвинет за напад на прославата на Денот на независноста во предградието на Чикаго, легално купил пиштол, испукал повеќе од 70 куршуми и се облекол во женска облека за подоцна да може да се скрие меѓу толпата, соопштија локалните власти.

Полицијата соопшти дека бројот на жртви се искачил на седум, бидејќи едно од хоспитализираните лица починало во болница.

Повеќе од 30 луѓе беа повредени во пукање за време на парадата на Денот на независноста во приградскиот парк Хајленд во понеделникот.

Полицијата соопшти дека Кримо го планирал нападот неколку недели и дека сè уште не е познат мотивот за случајното пукање во предградието со претежно еврејско население, но дека нема докази дека има расен или антисемитски мотив.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Проруски сепаратистички регион: Демонстранти насилно го окупираа парламентот, најавија рушење на владата

Кримо имал карактеристични тетоважи на лицето и носел женска облека за да го скрие својот идентитет, изјави за новинарите портпаролот на канцеларијата на шерифот на округот Лејк, Крис Ковели.

Побегнал кај мајка му

„Се мешаше со сите додека бегаа, како да е невин случаен минувач“, рече Ковели.

Осомничениот побегнал во куќата на неговата мајка, а подоцна и го позајмил нејзиниот автомобил.

Тој употребил пушка со висок калибар, слична на полуавтоматска АР-15, која ја оставил зад себе пред да побегне, изјавија официјални лица.

Оттаму додаваат дека имал слична пушка во автомобилот на мајка му, која ја возел кога полицијата го фатила, а имал и друго оружје, сето тоа легално купено.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стармер се обидува да изгради „прагматични“ односи со Кина