Пораст на нови случаи на коронавирус во Грција

Сподели со своите пријатели

Во Грција во изминатите 24 часа е регистриран пораст на бројот на заболени од Ковид-19, бидејќи 25.566 нови пациенти се заразени со корона вирусот.

Loading...

Во истиот период од болеста починале 19 пациенти, а 98 се на вентилатори на одделенијата за интензивна нега, пренесува Катимерини.

По речиси три месеци, минатата недела беа регистрирани повеќе од 20.000 нови случаи на Ковид-19, а тој тренд се чини дека продолжува.

Од почетокот на пандемијата, во земјата се потврдени 3,7 милиони случаи на ковид-19, а повеќе од 30.000 луѓе починале.