Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во попладневните и вечерните часови на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, наместа со услови за појава на невреме.
Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. УВ индексот ќе биде многу висок со коефициент осум.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево и топло време во претпладневните часови. Попладне се очекува зголемување на облачноста што ќе доведе до услови за нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Ќе дува умерен до засилен ветер од северне правец. Утринската температура ќе се движи околу 16 степени, а максималната дневна се очекува да достигне 29 степени целзиусови.
Утре ќе има преодно стабилизирање на времето.
– Под влијание на нов влажен бран во петок и сабота ќе биде нестабилно, на повеќе места со обилни врнежи од дожд, значителен пад на температурата, локално во форма на невреме со силни електрични празнења, град и засилен ветер, велат од УХМР.
Никола Ивановски