Почна уредувањето со бекатон на тротоарите на улицата „Доне Божинов“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Почна уредувањето со бекатон на тротоарите на улицата „Доне Божинов“ во Куманово, соопштија денеска надлежните од секторот за комунални дејности.

Loading...

 

 

– Предвидено е да се обезбеди пристап на пешаците кој досега го немаше. На овој начин се обезбедува безбедно движење на пешаците во овој дел каде има доста фреквенција на возила, изјави помошникот раководител на секторот за комунални дејности, Момчило Јовановски.

 

 

Loading...

Претходно, заврши изградбата на канализациската мрежа на улицата, за што од општинскиот буџет беа одвоени 1.576.791,76 денари за изградба на мрежата во должина од 160 метри.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Малолетник претепан пред основно училиште во Куманово

 

 

Последниов месец општината склучи договор со две компании за за реконструкција и санирање на оштетени јавни површини на сообраќајници и тротоари со бекатон плочки на територија на Општина Куманово,о две зони од градот, источна и западна.

 

 

Loading...

Вкупно за двете зони од општинскиот буџет за реконструкција и санација со бекатон плочки одвоени се 16.453.878 денари.

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

МИА