Русија предупреди дека нејзиниот одговор на протерувањето на 70 руски дипломати од Бугарија може да влијае на целата ЕУ, пренесува агенцијата Франс прес.
Loading...
„Политизирањето на одлуката на Софија сигурно нема да помине без одмазднички мерки“, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова.
Таа рече дека протерувањето на дипломатите од Бугарија „далеку ја надминува дипломатската практика и ги повика Софија и ЕУ да „размислат за принципот на реципроцитет“.
„ЕУ мора да разбере дека непромислената поддршка за антируските акции на одделни земји-членки ја става одговорноста за нивните последици врз целата ЕУ, вклучително и одмазднички мерки од наша страна“, рече Захарова.