КИНА: Топлотен бран по рекордните врнежи

Сподели со своите пријатели

Од снежните врвови на Тибет до тропскиот остров Хаинан, Кина моментално се опоравува од најлошиот топлотен бран во последните децении, откако врнежите во јуни достигнаа рекордно ниво.

Loading...

Екстремните горештини ја погодуваат и Јапонија, а нестабилното време предизвикува проблеми во другите делови на светот, што според научниците се знаци за климатски промени, додека до крајот на овој век се очекува уште поголемо затоплување.

Во североисточните кинески провинции Шандонг, Џилин и Јаонинг, врнежите достигнаа рекордно ниво во јуни, додека националниот просек од 112,1 милиметри беше за 9,1 отсто поголем од истиот месец минатата година, соопшти Националниот метеоролошки центар.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Што е хронична венска инсуфициенција, нарушување кое му беше дијагностицирано на Доналд Трамп?

Просечната температура низ земјата исто така достигна 21,3 степени целзиусови во јуни, што е за 0,9 степени повеќе од истиот период минатата година и највисока од 1961 година.

Според метеоролошката служба, олеснување нема на повидок, бидејќи во текот на јули се очекуваат повисоки температури и врнежи во поголем дел од земјава.

Во северната провинција Хенан, во градот Ксуанг на 24 јуни, температурата достигна 42,1 степени, а во Денгфенг 41,6 степени, што се највисоки измерени вредности досега, според АП.

Во последните недели, рекордните врнежи од дожд и поплавите во јужна Кина уништија имот, го парализираа сообраќајот и го нарушија секојдневниот живот на милиони луѓе во еден од најнаселените и економски клучни региони во земјата, а екстремните временски услови, вклучително и невообичаено големи поплави, се очекува да продолжат во Кина до август.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Два земјотреси во Италија: Се тресеше кај Неапол и Болоња