Кинески бродови влегоа во територијалните води на Јапонија

Сподели со своите пријатели

Два брода на кинеската крајбрежна стража влегле во територијалните води на Јапонија во близина на островите Сенкаку, соопшти денеска јапонската крајбрежна стража.

Loading...

Според јапонската агенција Kyodo, ова се случило еден ден откако брод на кинеската морнарица бил забележан во близина на островите за кои претендира Кина.

Како што се наведува во соопштението на јапонската крајбрежна стража, 15-тото влегување на бродови оваа година и првото од 23 јуни, се случило околу 4:35 часот по локално време, откако кинески бродови следеле јапонски рибарски брод.

Патролни бродови им наредиле на два кинески брода веднаш да ги напуштат водите во близина на група ненаселени острови под управа на Јапонија, но за кои превзема Кина во Источното Кинеско Море.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Третина од парите за невработените во Германија одат за странци

Јапонскиот министер за надворешни работи Јошимаса Хајаши изјави дека Јапонија упатила „сериозен протест“ кон Кина преку дипломатски канали.

На редовната прес-конференција тој го нарече влегувањето на бродовите прекршување на меѓународното право и рече дека Јапонија ќе се справи со дејствијата на Кина „мирно и одлучно“.

Министерот за одбрана Нобуо Киши рече дека „воените активности на Кина стануваат поактивни“ и дека Јапонија „одлучно и смирено ќе се справи со секој унилатерален обид за промена на статус квото“.

Според Кјодо, островите Сенкаку, кои Кина ги нарекува Чаоју, остануваат проблематично прашање во кинеско-јапонските билатерални односи.

Loading...

И покрај постојаните протести од Токио, Пекинг, кој исто така има територијални претензии во Јужното Кинеско Море, продолжува да испраќа бродови во водите околу островите под контрола на Јапонија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД и Филипините потпишаа договор за споделување на доверливи воени информации и технологии

Во септември Јапонија и Кина ќе ја одбележат 50-годишнината од нормализацијата на дипломатските односи, но нема малку расположение за славење на двете страни, наведува јапонската агенција.