УХМР најавува обилни врнежи и заладување

Сподели со своите пријатели

Денес и утре во попладневните и вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, наместа во форма на невреме со појава на град, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Утре во северните делови ќе има пад на температурата за околу 3 степени.

Во Куманово утре во попладневните часови ќе има услови за нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи. Температурата ќе се движи од 17 степени во утринските часови до максимални 29 во текот на денот.

Како што додаваат од УХМР, под влијание на нов влажен бран во петок и сабота ќе биде нестабилно, на повеќе места со обилни врнежи од дожд (над 20 л/м 2 ), значителен пад на температурата (за околу 10 степени), локално во форма на невреме со силни електрични празнења, град и засилен ветер.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Куманово изминатата недела имало најмногу заболени од грип

Никола Ивановски