Шојгу: Украина доби повеќе од 28.000 тони воена помош од Запад

Сподели со своите пријатели

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу тврди дека Украина веќе добила повеќе од 28.000 тони воена помош од западните земји.

Loading...

Шојгу на состанокот на Министерството за одбрана изјави дека дел од странското оружје што западот и го доставува на Украина завршува на Блискиот исток, а дел на црниот пазар, пренесува Интерфакс.

„Колективниот Запад, со надеж дека ќе го продолжи конфликтот во Украина, продолжува со големи испораки на оружје за режимот во Киев“, рече Шојгу.

Тој повтори дека „специјалната операција во Украина“ ќе заврши со целосно реализирање на сите задачи поставени од врховниот командант на вооружените сили на Русија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Одлуката на Бајден само ја ескалираше војната што Трамп ќе ја наследи