Гувернерот на Одеса до руските војници: Положете го оружјето. Животот не ви е даден за ова

Сподели со своите пријатели

Украинскиот гувернер на областа Одеса ги повика руските сили да го положат оружјето и на тој начин да покажат „демонстрација на нивното одбивање да учествуваат во злосторства против човештвото“.

Loading...

Во објава на својот канал на Телеграм, гувернерот Максим Марченко ги повика руските војници да размислуваат за своите семејства: „На вашите најблиски им требаат живи и здрави татковци, сопрузи и синови“:

„Вашиот живот не е даден за извршување на криминалните наредби на режимот на Путин. Спасете ги вашите животи и вашата иднина, одбијте да учествувате во крвавата војна на Путин. Положете го оружјето за вашата мирна и сигурна иднина“, објави гувернерот на Одеса.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина одбележува 1.000 дена од почетокот на војната

„Тоа не е предавање, не ја изневерувате Русија со тој чин“

Марченко додаде дека сите руски војници кои се плашат од прогон од руските власти ќе добијат „заштита на Обединетите нации“.

Тоа не е предавање! Тоа е ваша демонстрација на одбивање на учествувате во злосторство против човештвото. Со тој чин не го издавате рускиот народ и вашата татковина. Токму напротив, ѝ давате шанса на Русија да го сочува своето достоинство и ѝ давате надеж за иднината“, заклучи гувернерот на Одеса.