Русија бара Израел безусловно да престане со нападите врз Сирија

Сподели со своите пријатели

Москва го осуди воздушниот напад што му се припишува на Израел во близина на руско упориште за време на викендот, нарекувајќи ги таквите напади „категорично неприфатливи“ и барајќи да престанат.

Loading...

„Силно ги осудуваме ваквите неодговорни дејствија кои го нарушуваат суверенитетот на Сирија и основните норми на меѓународното право и бараме тие да престанат безусловно“, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, пренесоа израелските медиуми.

Цел на нападот во саботата беше областа во близина на сирискиот град Ал-Хамидија, јужно од Тартус, каде што се наоѓа главната руска поморска база во регионот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Норвешки принц обвинет за силување: Напаѓал жени додека спиеле

Во нападот се ранети двајца цивили, а причинета е значителна штета на цивилната инфраструктура, соопшти Москва.

Сирија, исто така, го обвини Израел за нападот, а израелската војска не одговори на обвинувањата во согласност со нејзината политика да не ги коментира воените операции во соседната земја.

Израел напаѓаше цели во Сирија стотици пати во текот на годините, но ретко ја презема одговорноста, потсетуваат агенциите.

Израелските лидери претходно изјавија дека мети се базите на проиранските милиции како што е либанскиот екстремистички Хезболах, чии членови се борат на страната на силите на сирискиот претседател Башар ал Асад и снабдувањето со оружје на сојузниците на Иран во регионот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Американскиот Стејт департмент откажа 6.000 студентски визи

Опозициската Сириска опсерваторија за човекови права со седиште во Обединетото Кралство соопшти дека оружјето наменето за Хезболах било цел на нападот во саботата, но ниту една друга организација не го потврди тоа.

Loading...

Сириската државна новинска агенција САНА објави дека во саботата израелски воени авиони истрелале проектили западно од либанскиот град Триполи над Средоземното Море.

Израелската армија напаѓа цели во Сирија главно ноќе, а овој пат нападот се случил околу 6:30 часот и САНА наведува дека целта била фарма за кокошки. Сирија често тврди дека целите на израелските напади не се воени.

Израелските напади продолжуваат во сирискиот воздушен простор кој во голема мера е контролиран од Русија, иако врските со Москва се влошија во последните месеци.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Обилни дождови во Индија, одложени повеќе од 250 летови

Израел се повеќе ја поддржува Украина во нејзината војна со Русија, но има тенденција да ја задржи слободата на движење над Сирија.

Русија претходно остро го осуди Израел по нападот на меѓународниот аеродром во Дамаск на 10 јуни, кој исто така ѝ се припишува на израелската армија.

Поради штетата предизвикана во тој напад, аеродромот беше затворен две недели.