Жителите од „Октомвриска револуција“ не сакаат Б-зона

Сподели со своите пријатели

Жителите од „Октомвриска револуција“ не сакаат Б-зона додека општината и надлежните јавни претпријатија не го уредат просторот, информираа денеска жителите по вчера одржаната консултативна средба.

Loading...

Тие бараат да се повлече и точката од утрешната комисија и од советот, додека не се средат потребите на жителите од овој дел од градот, зеленило, паркови, осветлување, чистење на површините, на реното корито.

Жителите кажаа дека стриктно се против воведување на Б-зона со само 440 паркинг места на оваа локација, бидејќи таму има најмалку 700 станови и нагласија дека како станари бараат да бидат ослободени од плаќање.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Какво време носи последниот викенд од октомври?

Тие посочија примери на неколку скопски општини каде резидентите не плаќаат за паркинг простор и бараат нивниот пример да го следи општина Куманово.

-Потребен е сериозен план да се разработи, да се одредат локации за катни гаражи, за нови паркинг места. Сè додека немаат согласност од над 51 процент од станарите, Б-зона тука не може да се воведе. Ние им понудивме неколку локации во близина на малиот кружен тек, кај локацијата „Табакана“ кај стар Житомел. Претходно треба да се уреди целосно просторот, со нови паркови, зеленило, осветлување, изјави Борис Тасевски, жител.

Бобан Кипријановски кажа дека на вчера одржаниот состанок, жителите побарале целосно уредување на просторот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  77-годишна жена загина, откако во неа удрило „сузуки“ во Горно Којнаре

-Недоволни се паркинг местата кои ги нуди oпштината, само 440. Ќе нема простор ниту за станарите, ниту пак за други граѓани од Куманово, изјави Кипријановски.

Жителите велат дека пред секои избори им се нудат изградба на паркови, зеленила, детски катчиња, но дека после се забораваат ветувањата и дека сега набрзина сака да се воведе зона без осмислен план. Заклучоците ќе бидат доставени до комисијата, до општината, јавното претпријатие „Куманово-Паркинг“.

Loading...

МИА