Татко смислил генијален начин да ги фати децата во лага (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Велат дека вистината секогаш ќе ве стигне и дека на лагите им се кратки нозете, но кога се во прашање децата, понекогаш не сме сигурни во тоа. Имено, тие умеат да не убедат во се, а понекогаш знаат да бидат и вистински мали измамници.

Сепак, еден татко сфатил како да ги реши таквите ситуации и гарантира дека неговиот метод секогаш ќе го наведе детето конечно да ја каже вистината. Австралиецот Џими Вернон сподели видео на ТикТок и на корисниците им ги покажа своите вештини, а неговото видео е прегледано речиси 100.000 пати.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лута шефица на банда се жалеле на ТикТок за „8 години затвор“, па доби 10

Тој смета дека сите родители треба да знаат за овој трик

Седејќи до својата сопруга Тили, Џими јаде крофна на видеото и вели: „Јавно известување до сите родители“.

„Џими дојде до апсолутно најбрилијантната идеја да ги спречи децата да ве лажат“, вели Тили, а потоа Џими започнува со демонстрации. Тој оди до нивната ќерка Елора и вели: „Еј, Елора, знаеш како ми кажа порано дека те боли стомакот? Збунето девојчето промрморе „Јас… што? додека се приближува до камерата.

Џими повторува, а потоа прашува: „Дали сакаш  да го повториш истото во детекторот за лаги на мојот телефон за да можам да проверам дали лажеш или не?“ Таа одбива и почнува да бега од мобилниот телефон. Џими само рече: „Така мислев“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Луѓето максимално можат да живеат до 115 години

Во коментарите луѓето го изразија своето задоволство од едноставниот, но генијален метод, а некои споделија и свои трикови. „Им кажав на моите деца дека ушите им стануваат црвени кога лажат. Во мојата куќа има многу навлаки за уши“, коментира едно лице.

Друг додаде: „Им реков на моите девојки дека добиваат црвена точка на челото кога лажат. Умирам од смеење кога ќе се појават и ќе кажат нешто со рацете над челото“.

 

@thevernonclan The way she says I beg your pardon 🥹 #kids #parents #parentsoftiktok #hack #foryou #fyp #family ♬ Monkeys Spinning Monkeys – Kevin MacLeod & Kevin The Monkey

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лута шефица на банда се жалеле на ТикТок за „8 години затвор“, па доби 10