За влез на Табановце се чека и по 45 минути

Сподели со своите пријатели

За влез во Македонија преку Граничниот премин Табановце се чека и по 45 минути утринава, информираат надлежните.

Loading...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Богородица за излез од државата се чека околу 30 минути. На ГП Табановце за влез во државата се чека околу 45 минути. На останатите од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Какво време носи последниот викенд од октомври?