Снимиле кенгур како трча по патот и се изненадиле кога сфатиле кој го пуштил од дома

Сподели со своите пријатели

Палав американски папагал кој научил да го користи својот клун за да ги отвора вратите, му обезбедил ден на слобода на кенгурот кој талкал по патиштата во Луизијана пред да биде заробен и вратен во домот.

Loading...

Кенгурот Бакстер беше снимен на надзорните камери во градот Захари во средата, а локалната полиција соопшти дека бил фатен со путер од кикирики и вратен во својот дом четвртокот наутро, објави локалната станица WBRZ-TV.

Сопствениците на Бакстер водат непрофитна организација која ги третира и враќа егзотичните птици во дивината. Тие рекоа дека Бакстер живее со повеќе од десетина папагали, од кои еден – Тор – неодамна научил како да ја отвори вратата од неговиот стан. Сопствениците на Бакстер порано имале зоолошка градина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Австралија сака да ги забрани социјалните мрежи за помлади од 16 години, експертите поделени