Кумановската полиција вчеравечер уапсила двајца државјани на Косово поради илегален влез во Македонија.
Loading...
– На 03.07.2022 во 19.55 часот во Куманово, полициски службеници од Полициската станица Куманово ги лишиле од слобода И.К.(41) и Ж.С.(68), двајцата од Косово, затоа што направиле илегален влез во државата, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Никола Ивановски