Гугл го олеснува управувањето со лозинките на сите платформи

Сподели со своите пријатели

Гугл ја ажурира својата услуга за управување со лозинки за да ја направи полесна за користење и поконзистентна на платформите.

Loading...

Алатката исто така може да им помогне на корисниците да ги направат своите сметки побезбедни по надградбата.

Дополнително на ова, Гугл овозможува искуството за управување со лозинка да биде исто и во околините на Chrome и на Android. Автоматски ќе ги групира лозинките за истите локации и апликации.

Корисниците сега ќе можат директно да додаваат лозинки на Google Password Manager, како и да ги зачувуваат кога ќе се логираат на нивната сметка. Гугл сугерира дека корисниците на Андроид ќе можат побрзо да се логираат на сајтовите користејќи ја функцијата „touch-to-login“, која ќе биде достапна на дното на екранот.

Компанијата исто така посочува дека ќе ги извести корисниците преку екранот Password Checkup, доколку забележи дека се користат компромитирани ингеренциите. Корисниците на Android ќе добиваат и предупредувања за слаби и веќе користени лозинки.

Известувањата за компромитирани лозинки ќе бидат достапни и за корисниците на платформите iOS, Windows, MacOS, Linux и Chrome OS.