Русите го освоија Лисичанск. Што значи ова за војната во Украина?

Сподели со своите пријатели

Одбранбено-безбедносниот аналитичар Мајкл Кларк во интервју за Sky News го коментираше падот на Лисичанск во руски раце и последиците што ќе ги има врз развојот на ситуацијата во Украина.

Loading...

Коментирајќи го падот на Лисичанск, тој рече дека Украинците имале силни одбранбени позиции, но дека Русите успеале да ги опколат со маневри кои претходно не можеле да ги изведат.

„Да, тоа е пораз, но Украинците немаа големи загуби бидејќи добро го организираа повлекувањето“, изјави Кларк.

Аналитичарот додаде дека падот на Лисичанск е „значајна победа“ за Русија и дека руските сили сега се соочуваат со окупација на градовите Славјанск и Краматорск во областа Доњецк.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Се огласи Кремљ по најавите за употреба на американско оружје за напади на руска територија

„Најзначајната победа од 25 март“

„Украинците го загубија Луганск, помалиот од двата региони кои заедно го сочинуваат Донбас. Поголемиот регион е Доњецк, а Русите досега окупираа околу половина од тој регион. Тие нема да го освојат целиот него додека не го заземат Славјанск и Краматорск, и тоа нема да биде лесно“, рече Кларк.

„Да, ова е победа за Русија и најзначајната победа од 25 март, кога рекоа дека Донбас е главната цел. Но, тие рекоа дека го сакаат целиот Донбас, а тоа нема да го добијат без Славјанск и Краматорск. .

Да потсетиме, Русите на 25 март се откажаа од обидот да го освојат главниот град Киев и вториот по големина град Харков и објавија дека нивен приоритет е „ослободувањето“ на Донбас.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сијарто: САД и ЕУ не бегаат од ширење на украинскиот конфликт во целиот свет