Тајфунот Аере се очекува утре да го погоди островот Кјушу во југозападна Јапонија, што може да предизвика лизгање на земјиштето и поплави, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.
Аере денеска се движи на север кон Источното Кинеско Море, но се прогнозира дека ќе се движи кон исток, така што најверојатно ќе донесе обилни дождови во Кјушу и другите западни делови на земјата до среда, соопшти агенцијата, пренесе Кјодо.
Во Кјушу, градската управа на Ничинан, префектурата Мијазаки, повика повеќе од 16.000 луѓе да се евакуираат поради зголемениот ризик од лизгање на земјиштето, иако нема извештаи за штета во градот од силниот дожд што утрово падна.
На југот на Кјушу и Шиок за 24 часа до утре претпладне се предвидува дожд до 200 милиметри.