Австријците се жалат: Помошта од Владата не е доволна

Сподели со своите пријатели

Австријците сметаат дека не е доволен пакетот што го усвои Владата со цел да го олесни товарот на граѓаните поради поскапувањето.

Loading...

Владата усвои пакет мерки со вкупна вредност од 28 милијарди евра со кои се предвидува финансиска помош за граѓаните.

Истражувањето на јавното мислење на институтот „Лакарсфелд“ покажува дека 58 отсто од Австријците сметаат дека пакетот мерки не е доволен.

Две третини, односно 64 отсто, велат дека силно ги чувствуваат последиците од поскапувањето и сега се помалку купуваат.

Запрашани за конкретни мерки, 68 отсто бараат Владата да ги замрзне цените на гасот, струјата и другите енергенси.

Од почетокот на годината, Австрија бележи рекордна инфлација, која во јуни достигна 8,7 отсто, што е највисока вредност од 1975 година.

Експертите посочуваат дека крајот на бранот поскапувања се уште не е на повидок.

Претседателот на Здружението на трговци Рајнер Вајл најавува дека цените на прехранбените производи ќе продолжат да растат и во наредните недели.

Loading...

Тој вели дека причина е високата цена на енергијата, како и се поголемите трошоци за пакување и логистика.

„Очекуваме врв на инфлацијата на крајот на годината“, рече Вил.