Кина: Расте бројот на нови ковид случаи, следува нова рунда тестирање

Сподели со своите пријатели

Делови од источна Кина минуваат низ нова рунда на тестирање за ковид, бидејќи земјата се соочува со нов бран на инфекции со коронавирус додека се опоравува од пролетните епидемии што ги погодија Пекинг и Шангај.

Loading...

Централните власти бараат од локалните власти во градовите и провинциите да откријат и да ги потиснат новите инфекции што е можно поскоро како дел од нивната стратегија за „нулта динамика на ковид“, но исто така предупредуваат дека се против воведувањето на непотребни остри мерки во обид да се заживее економија, објави Ројтерс.

Дневниот број на локални преноси во континентална Кина се искачи на повеќе од 300 во текот на викендот, во споредба со неколку десетици дневно кон крајот на јуни.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Проруски сепаратистички регион: Демонстранти насилно го окупираа парламентот, најавија рушење на владата

Околу милион луѓе сè уште се во карантин. На 3 јули на главната територија на Кина се регистрирани 380 нови случаи на Ковид, од кои 41 се симптоматски, а 339 се асимптоматски, соопшти денеска Државната здравствена комисија.

Короната е откриена во провинциите Анхуи, Џиангсу, Лиаонинг, Фуџијан, Шандонг, Шанкси, Жеџијанг, Гуангдонг и Сечуан, како и во градот Шангај.

Никој не починал, така што официјалната бројка на починати од Ковид досега е 5.226.