Александар Лукашенко, белорускиот претседател и најблизок сојузник на Владимир Путин, рече дека Белорусија „целосно ја поддржува“ руската војна во Украина.
Говорејќи на церемонијата по повод годишнината од ослободувањето на Минск во Втората светска војна, Лукашенко рече дека го поддржува нападот на Путин врз Украина „од првиот ден“.
„Денес сме критикувани затоа што сме единствената земја во светот која ја поддржува Русија во нејзината борба против нацизмот. Ние ја поддржуваме и ќе продолжиме да ја поддржуваме Русија“, рече Лукашенко.
„Што се однесува до оние кои не критикуваат, зарем не знаат зошто имаме толку силно единство со Руската Федерација? Денес имаме практично обединета армија. Но, вие го знаете тоа. Ќе останеме заедно со братска Русија“, рече Лукашенко.