Шефот на полицијата Сорен Томассен изјави дека нема индикации дека вчерашното пукање во трговски центар во Копенхаген е терористички чин.
Loading...
Тој додаде дека осомничениот, кој сѐ уште не е идентификуван, има историја на психички проблеми.
Да потсетиме, синоќа 22-годишен Данец со истрели од огнено оружје уби три лица и рани неколку други во трговски центар во Копенхаген.
Полицијата соопшти дека жртвите се двајца дански 17-годишници и 47-годишен руски државјанин.
Двајца Данци и двајца Швеѓани се во критична состојба во болница.
Напаѓачот и се предал на полицијата без отпор и бил уапсен само неколку минути по пукањето во трговскиот центар Филд, пишува Би-Би-Си.