Синди Дин (27) од Охајо пред повеќе од десет години имала љубов во средно училиште, како и речиси сите тинејџерки.
Меѓутоа, оваа девојка не можела ниту да сонува дека само неколку месеци по раскинувањето ќе се заљуби во таткото на момчето со кое била во тој период.
Пол (51) и Синди почнале да се забавуваат кога таа имала само 16 години, што е законска возраст во Охајо. Како што велат, нивното „љубовно патување“ било полно со подеми и падови и им требало долго време да ги убедат своите семејства дека се создадени еден за друг.
– Никогаш не очекував дека ќе се заљубам во Пол, но среќна сум што се заљубив – рекла Синди.
Како што вели, нејзините родители тешко го прифатиле фактот дека толку млада жена излегува со 21 година постар маж и на почетокот биле против нивната врска.
Синовите на Пол, од кои еден е поранешното момче на Синди, не биле воодушевени од нивната врска, но на крајот се помириле со ситуацијата, пренесува The Sun.
-Кога се венчавме двете семејства сфатија колку се сакаме и сега сите не поддржуваат. Навистина уживаме во љубовта – заклучуваат двајцата.